Чашата е со мерка од 200 мл.
Краставицата се мие и се употребува со лушпата. Се сецка на парчиња и се додава во блендер. Се полева сокот од претходно цеден лимон. Мразот и водата се налеваат во блендерот, па во смесата се придружува и медот. Бландирајте додека не добиете прекрасно смути. Јас ви препорачувам зелените смути да ги пиете наутро на празен желудник. На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови