Подготовка

1. Сите состојки за основата измешајте ги со лажица во подлабок сад. Поделете ја смесата во 6 калапчиња за мафини и притиснете ја. Најлесно ќе биде подоцна да ги извадите доколку користите силиконски калапчиња. Ставете ги во замрзнувач околу 20 минути.

2. Путерот со кикирики измешајте го со јаворовиот сируп. Распоредете ја смесата врз основата во калапчињата.

3. Чоколадото растопете го и додајте го врз филот во секое калапче. По желба може да декорирате со сецкани печени кикирики. Ставете ги во фрижидер додека да се стегне чоколадото. Доколку филот е премногу мек, ставете ги 15-20 минути во замрзнувач, па потоа извадете ги од калапчињата. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани