Испечати

Кошнички со путер од кикирики

Кошнички со путер од кикирики

Состојки

  • Основа
  • 80г овес
  • 2 лажици путер од кикирики
  • 2 лажици јаворов сируп (или агаве)
  • прстофат сол
  • Фил
  • 100г омекнат путер од кикирики
  • 1 лажица јаворов сируп (или агаве)
  • Прелив
  • 80г темно чоколадо
  • 20г печени кикирики (опционално)

Подготовка

Подготовка

1. Сите состојки за основата измешајте ги со лажица во подлабок сад. Поделете ја смесата во 6 калапчиња за мафини и притиснете ја. Најлесно ќе биде подоцна да ги извадите доколку користите силиконски калапчиња. Ставете ги во замрзнувач околу 20 минути.

2. Путерот со кикирики измешајте го со јаворовиот сируп. Распоредете ја смесата врз основата во калапчињата.

3. Чоколадото растопете го и додајте го врз филот во секое калапче. По желба може да декорирате со сецкани печени кикирики. Ставете ги во фрижидер додека да се стегне чоколадото. Доколку филот е премногу мек, ставете ги 15-20 минути во замрзнувач, па потоа извадете ги од калапчињата. На здравје!