Коцки со крем од кокос
Десерт по рецептата на мајка ми.
Во сад на оган се загрева млекото со 7 лажици шеќер. Штом се загрее се додава гризот и ванилите и се меша додека не згусне. Се трга од оган, па се додава кокосот и се промешува.
Вака приготвениот фил го оставаме да излади.
На страна ги матиме белките со шеќерот и ванилата, ги додаваме 2 жолчки, млекото, зејтинот и брашното. Додаваме уште 1 пециво и 2 лажици какао.
Добиената смеса ја делиме на два еднакви дела и едниот дел го посипуваме во сад каде ќе печеме.
Ставаме да се пече во загреана рерна. Кога е печен го вадиме од рерната и врз него со шпатула ја распоредуваме смесата со кокосот рамномерно. Потоа веднаш ја додаваме втората половина од пандишпанот и враќаме назад да се допече.
Оставаме така да се испече убаво кокос кремата и вториот дел.
Откако е печено, оставаме да се излади.
Ладно го сечеме на коцки или триаголници.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови