Вкусен, здрав и брз рецепт. Испаѓаат премногу корпиции се полнат додека се топли. За мој вкус совршени.Еве ја подготовката на истите...

1. Во сад на оган растопете го путерот а потоа додадете го медот.

2. Оревите,бисквитите и муслите помешајте ги заедно. Црната чоколада исецкајте ја заедно со урмите во сецкото, па додајте ја кај бисквитите. Промешаната смеса ја додаваме во садот кај путерот кој веќе го тргнавме од шпоретот.

3. Помешуваме добро и веднаш ги полниме корпиците,додека е топло. Оставаме да изладат па служиме. Убави и вкусни, секогаш брзинско спремни.

На здравје

Знам да пробувам со разен мед и поинакви видови на чоколада.
Секако се превкусни.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови