Кори (јуфки) со свинска маст
1. Корите прво се пржат во свинска маст, во тенџерето каде планираме да ги вариме. Водата во друго тенџере ни е зовриена, па штом ќе промирисаат и ќе ја сменат бојата, се додава врелата вода, се намалува јачината на огнот и се оставаат десетина минути да се подварат. По вкус се додава сол.
2. Кога ќе им изврие водата ги претураме во округла тава бр 36 и им додаваме на коцки иссечкано чадено свинско месо. Вака заедно тавата ја ставаме во рерна околу 15 тина минути на 200 степени. На крај ставаме тенки листови кашкавал, враќаме колку да се растопи кашкавалот и го вадиме јадењето.
Ова претежно го подготвувам како вечера, но може и како ручек бидејќи е баш калорично и заситува.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови