Кора со ореви-ОРЕВАРНИК
Од брашното, квасецот и солта месиме тесто во кое додаваме вода по потреба. Веднаш потоа делиме топчиња од кои подоцна ќе извлечеме кори. Не ги оставаме да стојат туку веднаш ги сукаме корите и една по една ги печеме врз шпретот од горе на ринглата.Така печените кори ги редиме една врз друга и откако ќе ги испечеме сите почнуваме со подготовка на филот.
Во длабок сад ја зовриваме водата и го додаваме маслото и солта. На страна во друг сад ги толчиме оревите и ги попаруваме со претходно зовриените вода и масло.
Откако го подготвивме и филот, ќе почнеме да ја редиме кората.
Земаме тава и ја ставаме едната печена кора. Попрскуваме со филот, потоа другата кора и пак фил и се така додека има кори и додека не го потрошиме филот.
На крајната или последна кора не се става фил. Таа се сече на осминки и се става во загреана рерна на 150 степени. се пече околу 15 минути, додека не зарумени. Оваа кора со ореви ние ја подготвуваме за бадник. Тоа е традиција во нашето семејство. На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Mnogu ubavo napraveno, mnogu!