Денес ќе готвиме заедно со Надица, готвач член на нашата веб-страница. Надица ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Кора со ореви - Ореварник.

Ореварник, или кори редени со солен фил со ореви. Овој рецепт се подготвува традиционално за Бадник во некои краеви од Македонија.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

За ТЕСТО ќе ви треба:

  • 1/2 кг. брашно
  • 1/4 пакување квасец
  • 1 лажичка сол

За ФИЛ ќе ви треба:

  • 100 грама ореви
  • 200 грама врела вода
  • 120 мл. масло
  • 1 лажица сол

Ќе ви треба и:

  • 50 грама масло за попрскување

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Тава за палачинки, Сад за сос и Делимано Фантазија Округла тава.

Подготовка

Чекор 1: Од брашното, квасецот и солта замесете тесто во кое ќе додавате вода по потреба, или околу 200-250 милилитри. Кога ќе биде рамномерно измесено, поделете го на еднакви топчиња од кои ќе правите кори. Веднаш започнете со сукање на корите и една по една печете ги во тавата за палачинки.

Печените кори ги редиме една врз друга на платнена крпа, со која ги покриваме додека печеме.

Чекор 2: Откако ќе ги испечете корите, започнете со подготовка на филот. Најпрво зовријте ја водата и додајте ги маслото и солта.

Исечкајте ги оревите, и попарете ги со претходно зовриените вода и масло.

Чекор 3: Време е да го редиме Ореварникот за печење. Ставете една кора во тавата, па попрскајте ја со фил. Повторете ја постапката со сите кори и целиот фил. На последната кора не се става фил.

Засечете го на осминки и печете го во загреана рерна на 150 степени околу 20 минути, додека не зарумени.

Чекор 4: Го сервираме на дрвена подлога, како предјадење.

СОВЕТ: Корите може да ги подготвите и претходниот ден. Откако ќе ги испечете, оставете ги да се изладат во крпата, па потоа завиткајте ги во пластична фолија и чувајте ги во фрижидер.