Конго кекс
Изматете ги жолчките со шеќерот, па постепено додавајте го млекото и маслото. На крај, додадете го брашното измешано со пецивото и какаото. Смесата истурете ја во намастен калап (26-28 бр.) и печете на загреана рерна (160Ц) околу 5-10 мин.
Во меѓувреме, изрендајте ги јаболката. Белките изматете ги со шеќерот во цврст шам и во нив додадете ги ренданите јаболка и циметот па со лажица убаво промешајте ги.
Оваа смеса се премачкува на полупечениот кекс и се враќа во рерна да се допечи. Готово е кога ке фати кора и малку ја промени бојата.
Растопете ги состојките за глазурата и со неа прелијте го колачот. Оставете го 1 час на ладно и потоа сечете коцки и сладете се. Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани