Компири со црвен пипер (исто како на баба)
Уште еден старински рецепт, останал од баба ми. Повеќе и како идеја плус за спремање на компирот.
1. Во поголем сад за пржење ставете зејтин да се загрее, а потоа ставете го ситно исецканиот кромид да се пржи. Кога ќе омекне малку додадете го и протиснатото лукче. Пиперките исечете ги на парчиња и додадете ги и нив.
2. Компирите излупете ги и исечете ги на кругови со дебелина 4-5мм (како за мусака) па додадете ги и нив во садот. Зачинете по вкус и додадете го црвениот пипер. Промешајте убаво да се изедначи па целата содржина префрлете ја во тава за печење. Во садот додадете ја водата, промешајте за да се “измие“ тенџерето и оставете да зоврие. Ставете ја водата во тавата и ставете да се пече во претходно загреана рерна. Првите 15тина мин. печете со капак/алу фолија, а потоа без за да добијат убава боја.
Оставете да се изладат, па послужете. Одлични се и како прилог и како ручек.
Добар апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани