1. Компирите излупени ставете ги да се сварат. Се оставаат малку да оладат.
2. Шунката ситно се сецка, кашкавалот го рендаме, младите кромидчиња се сецкаат на ситно.
3. Во една здела го додаваме компирот поминат низ преса за пире или изгмечен со вилушка, се додаваат овесните снегулки, шунката, кашкавалот, младиот кромид, јајцето, солта, млекото и путерот. Се заедно се меша. Се прават ќофтиња (големина по желба), јас ги правев отприлика со дијаметар околу 4 сантиметри. Се валкаат во сусам и се редат во тавче. Се попрскуваат со зејтин и печат на 180 степени околу 20 минути.
Вкусен оброк за кратко време .

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови