Компир салата со мариниран кромид (посно)
Ова е наш одомаќинет начин на подготовка на компир салата која е одлична за посно јадење или како прилог со месо.
Најпрво се ставаат компирите да се варат заедно сосе лушпата,на умерена температура,но не треба да се преварени за да можат да се исечат во парчиња без да се издробат.
Во меѓувреме се сечка кромидот сосе перцата,се посолува. На страна во сад се става маслото,сенф и киселина кои се матат со виљушка убаво да се изедначат,таа смеса се додава во кромидот и се остава така да се маринира. Компирите откако се сварат, се цедат од водата и се варќаат на оган во садот да се попечат( подобро се сечат).Топли се лупат и се сечат, се прелеваат со маринираниот кромид се додава сол, бибер, рендана кора лимон и виното,убаво се промешува и се служи.Предобар предлог и во топла и во ладна верзија.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови