Испечати

Компир салата со мариниран кромид (посно)

Компир салата со мариниран кромид (посно)

Состојки

  • 6парчиња компири
  • 6парчиња млад кромид
  • за прелив..
  • 150мл. масло,сол
  • 2 лажици винска(домашна )киселина
  • 2 лажици сенф
  • и уште..
  • 1/2 лажиче сол,малку рендана кора од лимон
  • 1/4 лажичка црн бибер
  • 120мл. вино

Подготовка

Ова е наш одомаќинет начин на подготовка на компир салата која е одлична за посно јадење или како прилог со месо.
Најпрво се ставаат компирите да се варат заедно сосе лушпата,на умерена температура,но не треба да се преварени за да можат да се исечат во парчиња без да се издробат.
Во меѓувреме се сечка кромидот сосе перцата,се посолува. На страна во сад се става маслото,сенф и киселина кои се матат со виљушка убаво да се изедначат,таа смеса се додава во кромидот и се остава така да се маринира. Компирите откако се сварат, се цедат од водата и се варќаат на оган во садот да се попечат( подобро се сечат).Топли се лупат и се сечат, се прелеваат со маринираниот кромид се додава сол, бибер, рендана кора лимон и виното,убаво се промешува и се служи.Предобар предлог и во топла и во ладна верзија.