![Колачиња со ѓумбир](https://moirecepti.mk/content/uploads/2021/08/20201217_200548-abcfa9-800x600.jpg)
21
авг
2021
Колачиња со ѓумбир
Типично зимски колачиња, вкусни и во лето.
Подготовка:
1. Во длабок сад ги мешаме брашното, пецивото, содата и зачините (сол, ѓумбир, цимет, каранфилче).
2. Во посебен сад го матиме путерот со шеќерот и јајцето. Додаваме меласа и ванила и матиме до соединување.
3. Постепено ги додаваме сувите состојки во смесата од путер и јајца, мешајќи.
4. На набрашнета површина, го расукуваме тестото во тенка кора (4-5 мм). Вадиме форми по желба со помош на секачи и печеме на 180 степени 8-10 минути.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани