Божиќни ѓумбир колачиња
Во брашното се додава пециво, какао, сол, шеќер, ванила, зачините и се промешува со лажица. Се додава малку омекнат путер, јајце, мед, сок од портокал и рендана кора од портокалот. Од сите состојки се замесува тесто и убаво да се измеси. Ако тестото е тврдо може да додадете уште малку сок од портокал или малку млеко за да се добие тесто од кое ќе можи да се направи кора.
Тестото се завиткува во најлонска фолија и се остава да стои во фрижидер околу 1 час. Се вади од фрижидер и се сучи кора од дебелина помалку од 1 сантиметар. Се сечат форми со модли по желба, се редат во плех на хартија за печење и се печат околу 10 минути на 180 степени. Се вадат од рерната и се оставаат на рамна подлога да се оладат. Колачите ќе бидат меки после печењето, но со самото ладење се стврднуваат како кекси.
Глазура за цртање
Со миксер се мати белката и се додава шеќерот, па лимонот. Убаво да се измеша да се добие доволно густа смеса за да може да се црта на колачите. Ако смесата не е доволно густа може да се додаде уште малку шеќер во прав. Ако сакате шарени колачи во смесата ставете малку прехрамбена боја по желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови