Божиќни ѓумбир колачиња
Состојки
- 300 гр брашно
- 100гр путер
- 2 лажици мед
- 1 јајце
- 5 лажици шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- прстофат сол
- половина кесичка прашак за пециво
- 1 мала лажичка цимет
- 1 мала лажичка ѓумбир во прав
- половина мала лажичка морско оревче
- половина мала лажичка мелено каранфилче
- 1 портокал
- 1 лажица какао
- глазура за цртање
- 1 белка од јајце
- 200 гр шеќер во прав
- 1 лажица цеден лимон
- различни прехрамбени бои по желба
Подготовка
Во брашното се додава пециво, какао, сол, шеќер, ванила, зачините и се промешува со лажица. Се додава малку омекнат путер, јајце, мед, сок од портокал и рендана кора од портокалот. Од сите состојки се замесува тесто и убаво да се измеси. Ако тестото е тврдо може да додадете уште малку сок од портокал или малку млеко за да се добие тесто од кое ќе можи да се направи кора.
Тестото се завиткува во најлонска фолија и се остава да стои во фрижидер околу 1 час. Се вади од фрижидер и се сучи кора од дебелина помалку од 1 сантиметар. Се сечат форми со модли по желба, се редат во плех на хартија за печење и се печат околу 10 минути на 180 степени. Се вадат од рерната и се оставаат на рамна подлога да се оладат. Колачите ќе бидат меки после печењето, но со самото ладење се стврднуваат како кекси.
Глазура за цртање
Со миксер се мати белката и се додава шеќерот, па лимонот. Убаво да се измеша да се добие доволно густа смеса за да може да се црта на колачите. Ако смесата не е доволно густа може да се додаде уште малку шеќер во прав. Ако сакате шарени колачи во смесата ставете малку прехрамбена боја по желба.