Божиќни колачиња
Многу вкусни колачиња и омилени на дечињата.
Предност кај нив е што при печење не се деформираат.
Подготовката е следна.
Се матат путерот и шеќерот убаво со миксер.
Потоа се додава јајцето и ванилата и се мати уште малку
Се додава и брашното и се меси додека не се добие убаво мазно тесто.
Вака подготвебото тесто се замотува во најлонска фолија и се остава 20тина минути во фрижидер.
Потоа од тестото се расукува потенка кора и се вадат форми по желба.
Се редат на плех прекриен со хартија за печење и се печат на 180 степени околу 10тина минути.
Можат да се декорираат по желба со чоколадо на пример, со шеќер и белка од јајце или да се напраат двобојни така што ќе се доададе какао во тестото.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови