![Колач со јаболки и бадеми](https://moirecepti.mk/content/uploads/2021/11/20211030_153959-a5310f-800x600.jpg)
8
ное
2021
Колач со јаболки и бадеми
Подготовка
1. Брашното го мешаме со пецивото и содата.
2. Во подлабок сад ги додаваме јајцата, млекото, шеќерот, маслото и екстрактот од бадем. Мешаме со жица. Го додаваме брашното и мешаме до соединување.
3. Го истураме тестото во намрсен калап (24). Одозгора ги распоредуваме ренданите јаболки. Врз јаболките ги распоредуваме и бадемите.
4. Печеме во загреана рерна на 180 степени 45-50 минути.
На здравје!
*чашата е од 250мл
*бидејќи не можам да најдам готов бадем во лист, оставив една рака бадеми во вода преку ноќ. Потоа ги излупив и ги сецкав најтенко што можев со остар нож.
Лиценца: Сите права се задржани