Колач со јаболки и бадеми
Состојки
- 1 + 1/2 чаши остро брашно
- 1 лажичка пециво
- пола лажичка сода бикарбона
- 2 јајца
- 1 чаша кафеав шеќер
- 1 чаша бадемово млеко
- пола чаша маслиново масло
- 1 лажичка екстракт од бадем
- 2 јаболки (рендани)
- бадем во лист
Подготовка
Подготовка
1. Брашното го мешаме со пецивото и содата.
2. Во подлабок сад ги додаваме јајцата, млекото, шеќерот, маслото и екстрактот од бадем. Мешаме со жица. Го додаваме брашното и мешаме до соединување.
3. Го истураме тестото во намрсен калап (24). Одозгора ги распоредуваме ренданите јаболки. Врз јаболките ги распоредуваме и бадемите.
4. Печеме во загреана рерна на 180 степени 45-50 минути.
На здравје!
*чашата е од 250мл
*бидејќи не можам да најдам готов бадем во лист, оставив една рака бадеми во вода преку ноќ. Потоа ги излупив и ги сецкав најтенко што можев со остар нож.