Колач со цреши и ванила крем
Подготовка
1. Во тенџерче измешајте ги со жица сите состојки и сварете крем на рингла. Покријте го со фолија или често промешувајте го додека го спремите кексот.
2. Густо изматете ги јајцата со шеќерот, па со намалена брзина на миксерот додавајте ги постепено течните, па сувите состојки. Смесата истурете ја во намрсен и набрашнет калап за тарт.
3. Кремот ставете го во ќесе за шприц или обично ќесе на кое ќе засечите отвор и со кружни движења исцртајте 3,4 кругови, еден на средина на тестото, еден на крајот и еден или два меѓу нив. Потоа врз делот од тестото наредете ги исчистените цреши.
4. Печете на 180С околу 25 минути. Готовиот колач поросете го со шеќер во прав.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови