За подготовка на овој вкусен колач потребни се три сада во кој ќе ги спремиме сите три дела.
Штом се спремни, ја почнуваме подготовката.

Подготовка:

1. Во првиот сад ги помешуваме урдата, нишестето, јајцата, ванилата и шеќерот. Со блендер ги помешуваме убаво ги пасираме.Тоа е првиот дел.
2. Тиквата ја печеме и пулпата ја мешаме во другиот сад, со нишестето, јајцата, ванилата и зачините.
Повторно ја пасираме, да добиеме убава смеса. Калапот, каде што ќе печеме, го обложуваме со хартија за печење, а страните ги поминуваме со четка со масло.
3. На средината од калапот ставаме една лажица од белиот, а врз неа една лажица од кремот од тиква.
Постапката ја повторуваме се додека имаме смеси во садовите. Една лажица бел, една портокалов крем. Како редиме така го затресуваме калапот да легнува убаво смесата.
4. На крај ја затресуваме тавата и ја ставаме да се пече во загреана рерна на 170 степени со вентилатор. Печеме 40 минути без да отвориме врата на рерната. По 40 те минути, ја отвараме рерната, ја вадиме тавата и ја прелеваме смесата која ја чувавме како прелив. Распоредууваме рамномерно и враќаме уше 20 минути во рерна. Значи колачот треба да се пече точно 1 час.
5. После еден час, ја исклучуваме рерната и оставаме уште 10 минути внатре да постои. Потоа го вадиме од рерна и оставаме уште 10 минути на шпоретот да одмори.
6. Внимателно го вадиме обрачот на калапот и тортата ја вадиме на чинија. Оставаме да се излади, па потоа ја пренесуваме 1 час во фрижидер. Убаво е да постои, за да стегне и убаво се сече.
Кога е готова,сечеме на парчиња и наросуваме со шеќерво прав. Декорираме по желба.

Нашата kürbis käsekuchen е готова. Нека е на здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови