Подготовка на пандишпанот
Јајцата, шеќерот и ванилата изматете ги да постанат светли, кремасти и убаво да се зголеми волуменот. Додајте го маслото и изматете да се соедини во смесата. Исклучете го миксерот и постепено додавајте го брашното и пецивото. Мешајте со шпатула, жица или голема лажица да се добие изедначена смеса.
Смесата истурете ја во голем плех намачкан со путер и посипан со брашно.
Печете во загреана рерна на 180 степени околу 25 мин.
Печениот пандишпан оставете го да олади.
За тоа време подгответе го кремот.
Слатката павлака цврсто изматетеја, а јагодите ситно исецкајте ги.
Рикотата и кондензираното млеко измешајте ги со лажица или жица. Додајте ја и слатката павлака и измешајте да се соединат. Од овој крем оставете 3-4 лажици за мачкање на колачот одозгора а во останатиот ставете ги јагодите исцедени од сокот што го пуштаат при сецкањето.
Пандишпанот поделете го вертикално по ширина на два дела. На едниот дел нанесите околу 1/3 од кремата со јагоди и израмнете. Ставете ја другата половина пандишпан и нанесете го останатиот крем. Одозгора премачкајте го со белиот крем без јагоди и украсете го со неколку коцки стопена чоколада.
Готовиот колач оставете го неколку часа во фрижидер да се стегне и убаво да се разлади, потоа послужете го.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани