Јајцата се матат со шеќерот додека не запенат. Кон јајцата се додава зејтинот, киселото млеко и се меша со вилушка или жица. Одкако ќе се соедини смесата се додава брашното, пецивото, сокот од лимон и 2 лажици од филот. Смесата убаво се меша и се сипе во плех на хартија да се пече. Обично плехот е со диимензии 30-40, а смесата се пече околу 20 минути на 180 степени.
Одкако ќе се испече се остава да се излади и се прелева со сварениот шербет од шеќер и вода. Со лажица внимателно се распоредува шербетот.
Фил
Водата, шеќерот, какаото и маргаринот се загреваат додека зовријат. Се меша постојано и одкако ќе се олади се додава и кремот. Филот се изедначува и се премачкува врз колачот.
Рецептот е многу стар и често е подготвуван само пандиспанот како самостоен колач .

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани