1. Рерната се пушта да се загрева на 180 степени.
2. Јајцата (со собна температура) со миксер се матат заедно со обичниот и ванилиниот шеќер.
3. Кога убаво ќе се изматат се додава маслото и млекото и постепено се додава просеаното брашно во кое е ставено и пецивото.
4. Смесата се тура во намрсено и набрашнето тавче бр.26 (ова не е потребно ако користите Делимано тава). Се редат вишните кои првин ги валкаме во брашно за да не пропаднат.
5. Одозгора наросуваме со цимет, посолуваме со шеќер и шараме со чоколаден прелив Чокола.
6. Колачот го печеме во загреаната рерна околу 50 минути, а потоа намалуваме на 150 степени и го допекуваме со проверка со чечкалица.
7. Изладен, колачот го наросуваме со шеќер во прав и служиме.

Ако ги дуплирате состојките печете во правоаголна тава бр.40 и сечете на коцки.
Рецептот е од внуката Моника, прекрасен е, ти благодарам Мони.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани