Колач со вишни со прелив Винчини
Состојки
- 2 јајца
- чаша = 250 мл.
- 1 чаша шеќер
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 1/2 чаша масло
- 1/2 чаша млеко
- 1 + 1/2 чаша брашно
- 1 лажичка пециво
- 250 гр. вишни (замрзнати, без коски)
- по потреба цимет, шеќер кристал и шеќер во прав
- по потреба чоколаден прелив Чокола Винчини
Подготовка
1. Рерната се пушта да се загрева на 180 степени.
2. Јајцата (со собна температура) со миксер се матат заедно со обичниот и ванилиниот шеќер.
3. Кога убаво ќе се изматат се додава маслото и млекото и постепено се додава просеаното брашно во кое е ставено и пецивото.
4. Смесата се тура во намрсено и набрашнето тавче бр.26 (ова не е потребно ако користите Делимано тава). Се редат вишните кои првин ги валкаме во брашно за да не пропаднат.
5. Одозгора наросуваме со цимет, посолуваме со шеќер и шараме со чоколаден прелив Чокола.
6. Колачот го печеме во загреаната рерна околу 50 минути, а потоа намалуваме на 150 степени и го допекуваме со проверка со чечкалица.
7. Изладен, колачот го наросуваме со шеќер во прав и служиме.
Ако ги дуплирате состојките печете во правоаголна тава бр.40 и сечете на коцки.
Рецептот е од внуката Моника, прекрасен е, ти благодарам Мони.