Повторно рецепт од 24Кујна, лесен, брз и вкусен. Брзо се прави, брзо се јаде.

Се загрева рерната на 130 степени.

Се тостираат лешниците, се лупат и се сечкаат крупно.
Путерот се топи на тивко.
Се меша брашното со прашокот за пециво, какаото, шеќерот и лешниците.

Јајцата се матат со стопениот путер (да не е врел).
Чоколадата се сечка, а излупените банани се пасираат со вилушка.
Се мешаат со путерот и јајцата и таа смеса се додава на сувите состојки. После тоа се додава и сечканото чоколадо.

Се меша убаво да се добие хомогена смеса и се истура во правоаголен калап за печење обложен со хартија. Се пече час и половина на 130 степени. Може да се провери со чепкалка дали е испечен.

Кога ќе се испече, се вади од калапот и се украсува по желба со матена слатка павлака, лешници и банани.

Напомена - на почетокот кога се мешаат сувите со течните состојки може да ви се чини дека нема да се добие изедначена смеса, но потребно е подолго време да се меша. И колку повеќе стои печениот колач, толку повкусен и посочен станува. Одлично оди со кафе или чај.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови