Колач со афион и јаболка
Јајцата пенасто изматете ги со шеќерот додека добиете пенаста лесна смеса малку побелена, додајте ги млекото и маслото миксирајте на најмала брзина да се соедини кратко.
Додајте го брашното, јаболката, афионот, пецивото, циметот, ванилата и сокот од лимон и мешајте со лажица додека се соедини и нема грутчиња.
Ставете го на плех (20х30 цм) обложен со хартија или намрсен и побрашнет.
Ставете го да се пече на 200 степени 40 мин. додека порумени.
Или најдобро проверете со благ стисок на раката.
Извадете го и оставете го да се излади.
Во меѓувреме додека се лади стопете ја чоколадата со масло на пареа.
Прелијте го колачот и оставете го во фрижидер 30 мин. додека се стегне глазурата. Сечете коцки или штангли.
Можете да го печете во помал плех. Кога ќе се излади да го превртите и исечете на половина и да го премачкате со мармалад.
Чашата е од 200мл
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови