Колач од гриз и јаготки
Подготовка:
1. Млекото, шеќерот и гризот се варат со мешање додека зоврие, т.е. згусни смесата.
Му се додаваат и останатите состојки и се меша додека се соединат.
2. Смесата се излива во калап за кростата/тарт (во средината со поткренато дно) и се остава да олади. Најдобро е ако имате силиконски, ако не, претходно обложете го со стреч фолија.
3. Го спремаме црвениот дел.
Во дел од водата го раствораме нишестето.
Значи, да нема забуна, чашата треба да е полна со веќе изблендираните јаготки. Такви, заедно со шеќерот и водата се варат и откако ќе зовијат, на средна кон висока температура се варат уште 5 минути со често мешање. Потоа се додава раствореното нишесте и се вари додека згусни.
4. Го превртуваме калапот со сварениот гриз врз рамна чинија и врз него (во оној вдлабнат дел) се тура смесата од сварените јаготки. Искрено, мене ми прелеа над него, а како филот го имаше повеќе од доволно и остана, сакав што повеќе да ставам врз. Кога ќе подолади, се остава во фрижидер најмалку 1 час убаво да излади.
*Зaбелешка: Доколку немате таков калап, Селма, од каде ми е рецептот, вели во округла тепсија да ставите 1 длабока чинија (од оние за сркање чорба) и врз тоа да прелиете со сварениот гриз. Потоа само ја превртувате тепсијата врз рамна чинија, ја вадите длабоката чинија што сте ја ставиле и во таа вдлабнатина полните со филот од јаготки.
*За полесно излегување од калапот секако, не заборавајте претходно да го исплакните со ладна вода пред да го турите сварениот гриз.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови