Кокосова палачинка
Да го пробаме тавчето за палачинки на Делимано.
Во млекото го замешуваме јајцето, додавајќи го маслото, шеќерот, солта и екстратот. Промешуваме убаво со миксерот за да добиеме лесна смеса. Додаваме кокосово брашно и повторно убаво промешуваме да се соедини.Од смесата печеме палачинки, на загреана тава со малку масло.
На страна во друг сад, се мати шлаг пената според упатството на кесичката. Потоа се премачкуваат палачинките со еурокрем и се редат кругови од банана. Се превиткува на половина палачинката. Повторно премачкуваме, но овој пат со шлаг пената. Повторно превиткуваме на половина. Сега палачинката добива форма на тријаголник. Декорираме со шлаг пената и врз неа додаваме аронија .
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови