1.Од 500 мл. млеко маку двоиме и внатре го раствараме густинот.Преостанатото млеко го вариме со шеќерот и ванилата.
2. Кога млекото ке зоврие го тргаме и внатре го ставаме растворениот густин.Го вариме густинот неколку минути додека масата не се згусне и го оставаме да се олади.
3. На страна матиме добро 200гр. кокос и маргарин.
4. Во густинот ги додаваме маргаринот и кокосот и се заедно матиме со миксер.
5. Од добиената густа маса правиме бомбици и ги валкаме во кокос.

Овие бомбици од кокос не се прават како класичните со многу млеко во прав и маргарин туку се доста лесни-немасни и што е најважно брзо се прават.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови