Во мало тенџере на оган ставете ја водата и шеќерот да зовријат, додајте маргаринот на коцки. Мешајте додека се растопи. Оставете смесата малку да се излади. Во смесата додајте ги бисквитите, кокосот, бадемите, румот и со лажица почнете да мешате,  потоа со рака. Месете додека добиете тесто за бомбици. По потреба ако треба додадете вода или мелени бисквити (затоа одделете мал дел од бисквитите пред да ги ставите во садот со шербет). Од смесата правете мали топчиња со навлажнетеи раце. Правете ги со големина каква сакате. Ставајте ги на рамна површина. Ставете ги во фрижидер.

Во сад на пареа ставете ја чоколада да се растопи со маргаринот и маслото. Земете ги бомбиците од фрижидер и со чепкалка, вилушка или пак прсти ставајте ги во глазурата обилно. Во мало садче ставете го кокосот и откако ја направивте првата бомбица со чоколада веднаш валкајте ја во кокос обилно на сите страни. Така направете ги и останатите бомбици. Ставете ги во фрижидер 1 час глазурата да се здрви.
Од сместа излегуваат некаде околу 30-35 средни бомбици.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови