Коко торта
Најпрво подгответе го филот за побрзо да се излади.
Одделете 200 мл. од млекото, другото ставете го да се загрее. Во одделеното млеко растворете ги шеќерот, брашното и густинот, меашјте да нема грутчиња, наместо густин и брашно може да користите 3 пудинга од чоколада.
Во зовриеното млеко сипете ја растворената смеса, мешајте додека ја добие потребната густина. Уште во топлиот пудинг додајте ги маргаринот и чоколадата сечкани на коцки, измешајте да се стопат. Филот ставете го во фрижидер да се олади и стегне. Пред да ги филувате корите измиксајте го филот.
За корите, уклучете ја рерната на 200 степени да се загрее, на плехче со димензии 30х30 см. ставете прче хартија за печење.
Белките одделете ги од жолчките, белките изматете ги со прстофат сол во мек снег, постепено додавајте 1 по 1 лажица шеќер, матете додека добиете цврст снег, додадете ги жолчките и уште малку матете. На крајот додадете ги останатите состојки и измешајте со лопатка да се соединат. Смесата излијте ја во плехот, израмнете и ставете да се пече, печете доека зарумени и проверете со чечкалица дали излегува сува кога ќе ја забодете. На истиот начин подгответе ги и другите 2 кори.
Оставете ги корите да се изладат и филувајте ги, украсете по желба и оставете ја тортата малку во фрижидер да се стегне и спои. Сечете прачиња по желба, штангли, коцки...
Тортата беше по повод роденденот на мајка ми.
Излегуваат околу 40 парчиња.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Инаку среќен роденден на мамичка,гарант била пресреќна!