Рецептот нуди прецизни инструкции кои особено би биле важни за оние кои се почетници во правењето совршен козињак на конци. За совршен козињак на конци во основа потребно е - јајца, шеќер, млеко, маснотија и мала доза финтици.

Подготовка
1. Ставете го млекото со издробениот квасец во еден помал сад. Додадете 1 лажица шеќер и 4 лажици од брашното. Измешајте убаво и покријте го да се активира, да испени.

2. За тоа време изматете ги јајцата со шеќерот со миксерот до побелување. , Додадете ја кората од портокал, махлепот, ванилата, солта, маслото и киселото млеко и измиксирајте. Доколку решите да ставате суво грозје во козињакот, додадете и 1 лажица рум во кое тоа сте го ставиле да кисни. Измешајте со лажица.

3. Брашното иссејте го и ставете го во длабок сад за месење. Доколку решите да користите регуларно брашно (тип400), тогаш пожелно е да го пресеете три пати. Исто така, во текот на месењето со тоа брашно ќе ви треба да додавате посип од 100-200 гр. Со ова кое јас го користев, воопшто немаше потреба од додавање.

4. Во садот со брашното додадете го активирниот квасец и смесата со јајцата. Започнете прво да мешате со дрвена лажица и постоа замесете тесто (тука е делот со додавењето на типовите брашно).
Тестото ќе е малку лепливо, па ако имате миксер кој можи да ја заврши оваа работа место вас, правењето козињак ќе е само лесна приказна засекогаш.

5. Измесеното тесто премачкајте го со масло и оставете го 10 минути да се активира глутенот.
Потоа започнува месење на тестото со постепено додавање на стопениот маргарин (путер или кравја маст). Додавајте по околу 2 лажици и месете при секое додавање додека убаво се впие мрснотијата. На крај тестото треба убаво да се измеси, колку подолго е месено, толку подобар ќе е козињакот.
Покријте го и оставете го да се дуплира околу 2 часа зависно од топлината во просторот.

6. Стасаното тесто благо размесете го колку да го обликувате и поделете го на 6 топчиња.
Секое топче исучете го во валјак, наполнете го со сечкан локум (или суво грозје ако сакате), затоврете го, извалјајте го и потоа секој валјак засучете го како крпа за цедење, извртете го во контра правец од двете страни. Тоа додатно ќе му дај изглед на конци покрај месењето и сеењето на брашното.
Од валјаците исплетете плетенки и ставете ги во намрсен калап или обложен со пек-хартија. Покријте ги и оставете ги да се удвојат.

7. Потоа премачкајте ги со жолчката измешана со млеко, и посипете ги со шеќер така што прво прстите ќе ги макните во чаша со вода па потоа земате прстофат шеќер и наросувате врз козињаците. На овој начин се добива ефект на шеќер во гранули кој кај нас за жал го нема во продажба, а е совршен за ваквите пецива.
Оној кој има нормална рерна во печење препорака е да се печи на најниското ниво на 180С точно за 40 минути.

Среќни празници!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови