Кифлички со фил од тиква
Подготовка:
1. Во еден сад ги соединуваме сите состојки за полнењето.
2. Во млакото млеко ги ставаме квасецот, шеќерот и лажиче брашно. Промешуваме и оставаме да се активира.
3. Во вангличка се ставаат растопена маст, јогуртот, солта, јајцето, ванилата и пецивото. Се промешува со вилушка и се додава брашното. Се замесува средно тесто. Се покрива и се остава да се дуплира.
4. Се дели на 8 топчиња. Секое топче се расукува во кориче. Со стапче за ражничи, се шари како на сликата. Се поставува сега однопаку, на почетокот се ставаат, по 2 лажички фил и се заролува како на сликата. Со рацете малку ја истегнуваме, па ги спојуваме краевите во средината.
5. Ги редиме кифличките во плех и ги покриваме. Оставаме на топло. Ги премачкуваме со остатокот на јајцето и печеме во загреана рерна, околу 20 минути.
Сервираме топлли.
Лиценца: Сите права се задржани