ТЕСТО
Топлото млеко заедно со квасецот и малку брашно со шеќерот растворетего и оставете да надојде-скисне.
Брашното и солта измешајте ги,па заедно со квасецот и маслото замесете меко тесто ,постепено додавајки по малку вода.
Измесеното тесто оставетего да надојде околу 20-30 минути.
За тоа време подгответе го филот .

Прв предлог
Меленото месо испржете го со малку масло, додавајки му сол бибер и други зачини по ваш вкус. Оставте да се подизлади.

Втор предлог
Исчистете го спанаќот и избланширајтего (обарете го во солена вода која што врие, солта ќе помогне да ја задржи убавата зелена боја). Сирењето издробете го и измешајте го со спанаќот.

Искиснатото тесто поделете го на два дела. Од секоја половина исучете кора со дебелина од 0,5 см. Со чаша или модла за крофни сечете кругови, во ској круг на средината ставете од приготвениот фил, па затворете го кругот формирајќи топче.
Наредете ги подмачкан плех или ставте ги во хартиена корпичка и во модлата за солените корпиња.
премачкајте ги со изматена жолчка и посипете со сусам или нешто друго по ваш избор .Печете во загреана рерна на 180-200степени оклу 15-сетина минути се додека не добијат златно румена боја. Извадете ги и оставте да се изладат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови