Во топло млеко разматете го квасецот заедно со шеќерот и малку брашно. Оставете малку да надојде.
Брашното ставете го сад за месење, направете кратер и од состојките потребни за тестото замесете средно тесто. Оставете го да стаса околу 30 минути. Кога е стасано кинете топчиња и секое топче поделете го на два дела, како што се гледа на сликите. Потоа со дланките развлечете корички должина околу педа и пол и со оклагија налегнете ги, како што е прикажано на сликите,  преклопувајте ги едната па другата коричка и вртете ги во круг за да добиете форма на цвет. Редете ги во подмачкано плекче со маргарин.
Јас обично секогаш кога правам солени кифли практикувам одоздола на плекчето да посипам со малку сол, така ми се повкусни.
Кифлите оставете ги да стасаат добро. Премачкајте ги со жолчка, посипете сусам или ким, по желба може и сол. Печете ги на околу 200 степени околу 35 до 40 минути. Се надевам дека ќе ви се допаднат. Ви посакувам добар апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани