Најмеките и највкусните кифли со виршла.Совршени за појадок.Топло ви ги препорачувам...
Квасецот се активира со 1 лажиче шеќер, неколку лажици брашно ( од целовкупното) и топла водичка за да се добие густа кашеста маса. Штом збуфнал квасецот со сите горе наведени состојки замесуваме средно меко тесто. Убаво го измесуваме и оставаме на топло да стаса, некои 45 мин..
Потоа го истресуваме на работната маса и без премесување го делиме на 10 дела. Од секој дел формираме топче. Кога сме ги завршиле сите, го земаме првото и го отвораме во квадрат со помош на оклагија, во ширина малку поголема од таа на виршлата. Ја ставаме виршлата на самиот почеток, ја завиткуваме странично со тестото и ја завиткуваме во ролат.На едниот крај на тестото може да го изрецкаме со нож, пред да виткаме.Готовите кифли ги редиме во намрсен плех, ги покриваме со памучна ткаенина и оставаме на топло да стасаат некои 30мин..
Пред печење ги премачкуваме со разматено јајце и наросуваме со сусам.
Ставаме да се печат во претходно загреана рерна.Ги печиме околу 25 мин. на 200 степени или печите во зависност од вашата рерна.
После печење ги премачкуваме со малку маргарин или путер.
На здравје! )))

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани