Едноставен оброк.Брашното,квасецот,шеќерот,солта,квасецот,зејтинот,белката од јајцето се замесуват со млаката вода во средно меко тесто.Тестото стасува и се дели на 10 дела.Од секој дел се прави топче.Се земе првото топче и се сука коричка со должина малку поголема од виршлата.Се засекува и од двете страни,се става виршлата и наизменично се става и од едната и од другата страна правејќи плетенка.Се премачкуват со жолчката од јајце и се поросуват со сусам.Се печет 25 минути на 180-200 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови