1. Во садот за месење истурете го брашното и направете во средината вдлабнатина.
Солта истурете ја по рабовите покрај садот, а шеќерот во средината, каде ќе го ставите и топлото млеко со квасецот и ќе оставите да почне да се формира пена.
Потоа додадете ги маслото и белката и замесете глатко тесто.
Оставете го покриено на топло да нарасне.

2. Потоа поделете го тестото на 12 дела и од секој дел сукајте правоаголник, кој ќе го засечете на подолгата страна и ќе го завиткате во ролна. Ролната свиткајте ја како полжавче и ставете ја во калапот за мафини претходно намачкан со маргарин.

3. Секоја круна премачкајте ја со жолчката измешана со масло и посипете со сусам.

Печете на 200С додека не поруменат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови