Киндер коцки
ПОДГОТОВКА НА ПАНДИШПАНОТ
1. Се матат белките со 2 лажици шеќер во еден сад.
2. Се матат жолчките со шеќерот во друг сад.
3. Потоа се додава во жолчките топлата вода и се мати уште кратко.
4. Се исклучува миксерот и се додава брашното со пецивото и какаото.
5. Се истура во плехот од рерната обложен со хартија за печење.
6. Се пече околу 15 мин. на 180 С
7. Испечениот пандишпан се сече на два дела по должина и се филува
ПОДГОТОВКА НА КРЕМОТ
1. Млекото и шеќерот се загреваат и во нив се додава претходно растворениот густин.
2. Се вари како пудинг и се трга од огинот
3. Се додава чоколадото и се меша додека се растопи
4. Се остава да се излади кремот и се додава во него претходно изматениот маргарин
ПОДГОТОВКА НА ЧОКОЛАДНИОТ ПРЕЛИВ
1. Во еден сад на огин се ставаат чоколадото и маргаринот да се растопат
2. Се остава да се излади глазурата до температура да не го стопи белиот фил, бидејќи се премачкува врз него
ФИЛУВАЊЕ НА КОЦКИТЕ
1. Врз пандишпанот се премачкува фил
2. Врз него се редат сечканите ореви
3. Се става врз оревите глазурата
4. Повторно се става пандишпан, па фил, па ореви, па глазура
5. Веднаш се сечат на коцки (јас исеков 15 коцки)
6. Врз нив со шприц за колачи ставив капи од слатка павлака и ги посипав со мелени оревчиња
ПРИЈАТЕН АПЕТИТ !!!
Лиценца: Сите права се задржани