Прво во тенџере на оган се ставаат 1 дл вода, 150 гр шеќер и 125 гр маргарин да провријат.
Се додава 100 гр црно чоколадо и се трга од оган. Се додаваат оревите и бисквитите, убаво се промешува и смесата се нанесува на даска. Убаво се израмнува.
За белиот дел во тенџере на оган се ставаат 200 гр шеќер и 50 мл вода да провријаат, се додава 125 гр маргарин да се растопи.
Се трга од оган и се додава 150 гр млеко во прав.
Се мати со миксер една минута и одма се нанесува врз темниот дел.
Се остава колачот да се стегни и излади, па се сечи на триаголници.
Се украсува по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани