Подготовка:

1. Се зема длабок сад, се матат белките со постепено додавање на шеќер. Се мати додека се стопи шеќерот. Потоа се додава брашното, оревите и се дели смесата на 3 дела. Се печат корите на 180С-15мин.
2.Фил 1) Белото чоколадо се топи на пареа и се додава хопла. Убаво се меша и се остава да олади. Кога ќе олади се миксира да се добие убав бел крем. Во филот се додаваат кршени киндер буено чоколатца.
3.Фил2) Се матат жолчките заедно со пудингот и шеќерот. Потоа се вари заедно со млекото додека да се стврдне. Се лади. Кога е оладена смесата се додава сирењето и матената хопла. Се добива убав, лесен и нежен крем.
4. Се става во калапот првиот бисквит, се премачкува со нутела, па првиот фил, вториот фил, бисквит, нутела итн. Од преостанатиот втор фил се премачкува целата торта. Се остава фрижидер да се стегне целата торта.
5. Одозгора се декорира по желба со хопла,чоколадо. Превкусна и богата торта .

ПС: Роденденска торта на мојата убавица Емилија.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани