21
окт
2012
Кики пралини
Растопете го чоколадото со маслото и со него премачкајте ги калапите за пралини, па ставете ги во фрижидер на 10 мин да се стегни слојот од чоколадо. Постапката повторете ја уште два пати на истиот начин.
Кики бомбоните, чоколадото искршено на коцки и павлаката ставете ги на тивок оган и мешајте додека се убаво не се стопи. Потоа додадете ја ситно сецканата брусница и се убаво измешајте.
Со оваа смеса полнете ги пралините и на крај затворете ги одозгора со слој стопено чоколадо.
Лиценца: Сите права се задржани
се ми личи како да ќе ја оплескам некаде по пат :) :) :) :)
Лили, ајде да се попраксирам, ова е полесно од тортите... само да не испадни онаа народната-не умри магаре до зелена трева хахаха
Дани, тетратките се закон, само да е кратко за пишување :) Сигурна сум дека на твоите девојчиња многу ќе им се допаднат:)
Мајушка, мене прво ми се прочита дека имаш полна и ќе ми ја дадеш да ја испарзнам :)))) ама и вака можи , носи ја и одма полнам за тебе ;)