Испечати

Кики пралини

Кики пралини

Состојки

  • 100 гр чоколадо
  • 2 лажици масло
  • За полнење
  • 120 гр кики бомбони
  • 100 гр бело чоколадо
  • 2 лажици слатка павлака
  • 50 гр сечкава сушена брусница

Подготовка

Растопете го чоколадото со маслото и со него премачкајте ги калапите за пралини, па ставете ги во фрижидер на 10 мин да се стегни слојот од чоколадо. Постапката повторете ја уште два пати на истиот начин.
Кики бомбоните, чоколадото искршено на коцки и павлаката ставете ги на тивок оган и мешајте додека се убаво не се стопи. Потоа додадете ја ситно сецканата брусница и се убаво измешајте.
Со оваа смеса полнете ги пралините и на крај затворете ги одозгора со слој стопено чоколадо.