Кечиња
Најпрво измешајте ги сувите состојки и потоа додадете ги течните. Рачно измесете глатка хомогена смеса. Во зависност од упивливоста на бисквитите, па и крупноста на кокосот, регулирајте ја густината со млеко или масло, или пак обратно со додавање на кокос, доколку сметате дека составот е многу мек. Ова додавање секако варира во многу мали количини.
Земете цедалка за лимон со можност без набори во внатрешноста. Наполнете од смесата до пола и енергично истресете на пластична чинија. Со прстите потапкајте на врвот за да се добие изгледот на „кече„ и наросете (побелете) ги одозгора со кокос.
Доколку немате цедилка со мазна внатрешност (фото1), користете ребраста, не е ништо страшно.
Рецептот кај мене уште од пред 20 год. е запишан под име „Шиптарчиња„, но бидејќи мене не ми изгледаат така, ги прекрстив под ова име. Оригиналот на изглед треба да е како повисоките на сликата, а „кечињата„ се оние помалите во првиот ред. Па, како ви е убаво, така направете си ги формите. Битно е, да ви е во сласт! )))
Лиценца: Сите права се задржани
samo tvojeta cedelka e poubava
Дијанче, намерно ги користев двете цедалки и ги сликав, црвената нема рецки внатре поплитка е а поширока, а портокаловата е со ребра и потесна а подолга е. За овие , каква и да биди-одговара, значи супер ти е и твојата :) Напрај ги брзо се прават и брзо се јадат ;)
Светле, тука нема многу шеќер и како што кажав брзи се за правење, пробај ги не се сртви :)))
Маја, кај мене се запишани како Шиптарчиња и рецептот е многу стар. И мене првата реакција ми беше зосто така се викаат и ми рекоја дека најгоре на врвот се става малку кокос и личело како кече-капата што ја носат. Но бидејќи така излегуваат многу големи, јас си ги преименував во ова име, бидејки со формите си изведов да личат на тие капи-кечиња :) Ете пред малку, една ми напиша дека кај нив ги викале Колиби, што ако се водам по оригиналот форма(вториот ред на сликата) , мене повеке би ми личеле на планини :)
i eve slika od drugata domajkinka
eden golem baknez za slatkata princeza *
ме умре од смеење, ама ме умре со имево :) :) :) :)
за Diane, малава ти е ЛЕ БОН БОН, не е ни чудо што толку ти е убаво кога готвиш <3