Испечати

Кечиња

Кечиња

Состојки

  • 1/2 кг бисквити (мелени)
  • 80 гр кокос
  • 120 мл масло
  • 120 мл млеко
  • 120 мл нерастворен сок од портокал
  • 2 лаж шеќер во прав
  • 2 лаж какао

Подготовка

Најпрво измешајте ги сувите состојки и потоа додадете ги течните. Рачно измесете глатка хомогена смеса. Во зависност од упивливоста на бисквитите, па и крупноста на кокосот, регулирајте ја густината со млеко или масло, или пак обратно со додавање на кокос, доколку сметате дека составот е многу мек. Ова додавање секако варира во многу мали количини.
Земете цедалка за лимон со можност без набори во внатрешноста. Наполнете од смесата до пола и енергично истресете на пластична чинија. Со прстите потапкајте на врвот за да се добие изгледот на „кече„ и наросете (побелете) ги одозгора со кокос.
Доколку немате цедилка со мазна внатрешност (фото1), користете ребраста, не е ништо страшно.
Рецептот кај мене уште од пред 20 год. е запишан под име „Шиптарчиња„, но бидејќи мене не ми изгледаат така, ги прекрстив под ова име. Оригиналот на изглед треба да е како повисоките на сликата, а „кечињата„ се оние помалите во првиот ред. Па, како ви е убаво, така направете си ги формите. Битно е, да ви е во сласт! )))