
Кекс со рогач и јаболко
Едноставно, вкусно...
Јајцата се матат со ванилата и шеќерот во пенаста, густа, кремаста маса.
Се додава постепено маслото и млекото.
Потоа, матејќи со најслаба брзина на миксерот се додава претходно просеаното и промешаното брашно, рогач и пециво.
На крај се додава јаболкото и лесно се промешува, изедначува.
Се излева во намрсен и побрашнет калап со пречник од 28цм.
Се пече во загреана рерна на 180 степени до сува чепкалка.
Се остава да се излади, па се сече и наросува со шеќер во прав замирисан со ванила.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани