18
јун
2015
Кекс од моето детство
Се враќам години наназад кога мајка ми ни го правеше овој превкусен кекс.
Чашата е за млеко од 240 мл.
Прво се матат јајцата со шеќерот, па постепено се додаваат маслото, млекото, ванилата, содата, орев, бадем, смокви, брашно, пециво.
Убаво со лажица се промешува смесата и се истура во правоаголен плех обложен со хартија за печење.
Се печи на тивко, на 170 степени околу 40 минути.
Проверете со чепкалка, ако е сува готово е, ако не уште некоја минута ќе треба, се во зависност од рерната.
Со млеко и чај идеално за уживање.
Лиценца: Сите права се задржани