Испечати

Кекс од моето детство

Кекс од моето детство

Состојки

  • 3 јајца
  • 3 лажици масло
  • 1 чаша( за млеко) шеќер
  • 125мл млеко
  • 2 чаши брашно
  • 1 лажиче сода бикарбона
  • 100гр крупно сецкан орев
  • 100гр сецкани суви смокви
  • 50гр сецкан бадем
  • 1 ванила

Подготовка

Се враќам години наназад кога мајка ми ни го правеше овој превкусен кекс.
Чашата е за млеко од 240 мл.

Прво се матат јајцата со шеќерот, па постепено се додаваат маслото, млекото, ванилата, содата, орев, бадем, смокви, брашно, пециво.
Убаво со лажица се промешува смесата и се истура во правоаголен плех обложен со хартија за печење.
Се печи на тивко, на 170 степени околу 40 минути.
Проверете со чепкалка, ако е сува готово е, ако не уште некоја минута ќе треба, се во зависност од рерната.
Со млеко и чај идеално за уживање.