Кајгана со праз
Се случило повеќе личности да се зачудат како ми текнало да јадам јајца со праз, а јас мислев дека тоа нема кој не го знае... па така, се решив овој многу едноставен рецепт да го споделам и овде, баш за оние кои до сега не чуле и не сретнале.
Празот исецкајте го ситно, а сламата на коцкички.
Ставете маслиново масло во тавата и пржете ги на умерен оган додека празот не омекни.
Во сад на страна изматете ги јајцата.
Брашното растворете го во млекото и додадете го во разматените јајца. Посолете и зачинете по желба.
Истурете ги јајцата во тавчето со пржениот праз и сувомеснато и мешајте додека не го добиете посакуваниот степен на пржени јајца.
Со додавањето на малку брашно и млеко во кајганата се добива поголем волумен. Оваа финтица ја научив од мајка ми. Така, ако треба да се спрема за повеќе луѓе, а нема доволно јајца, особено применете ја -)))
Лиценца: Сите права се задржани
Ви благодарам на сите :*
фала бибе :)